Правдико

   

Гостиварец осомничен за 18 тешки кражби во Охрид

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

stefan-dimoskiДваесетгодишен гостиварец е осомничен дека месецов извршил 18 тешки кражби во Охрид, информираат од полицијата.

Според СВР Охрид, осомничениот О.А. кражбите ги извршил во куќи, станови и во деловни објекти во градот, а вредноста на пленот што го однел била проценета на околу 300.000 денари. Гостиварецот најчесто крадел пари, златен и сребрен накит, мобилни телефони, фотоапарати и парфеми.

Според портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, ефикасноста на полицијата во октривањето на кражбите во јули била зголемена за 10 отсто во споредба со истиот период лани.

– СВР Охрид ја зголеми ефикасноста во расветлувањето на казнените дела тешка кражба. Според аналитичките показатели, од пријавените тешки кражби во јули оваа година, расветлени се 24 дела, што претставува зголемување во однос на реализираните девет во истиот период лани. Тоа воедно значи зголемување на откривачката функција која во јули годинава изнесува 60 отсто, додека во истиот период лани ефикасноста во откривањето на сторителите на тешките кражби била 50 отсто – вели Димоски.

Извор: META.mk

Партнери на Правдико