Гостиварец убиен по банална расправија | Правдико

Правдико

   

Гостиварец убиен по банална расправија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Дваесет и четиригодишен гостиварец, синоќа починал откако бил застрелан со еден куршум во стомакот. На трагичниот исход му претходела расправија со едно лице околу наводен сообраќаен прекршок.

B298C6F3C1B73D4C888990F6FC24BA91

За случајот повеќе детали се очекуваат во текот на денот, откако јавен обвинител ќе ги заокружи истаражните активности кои започнале синоќа со увидот.

Според очевидци, трагичниот настан се случил на улицата „Седек Костовски“ во близина на порашениот Жито Шар околу 22 часот. Наводно, 24-годишникот возејќи се со автомобил „голф“ застанал пред возилото на осомничениот за убиството и почнале расправија. Во расправијата биле испукани повеќе куршуми, а еден завршил во стомакот на помладиот возач.

По ранувањето, бил пренесен во гостиварската болница, а оттука на скопските клиники, каде им подлегнал на повредите.

Од СВР Тетово потврдија дека осомничениот за убиство, синоќа сам се предал во гостиварската полициска станица каде е задржан. Детали околу идентитетот и мотивите кои довеле до трагичниот настан ќе бидат познати во текот на денот и треба да ги соопшти Основното Јавно обвинителство Гостивар.

Извор: Утрински Весник

Препорачуваме

Партнери на Правдико