Гостиварка во кутии за чај шверцувала марихуана
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Тројца гостиварци се уапсени поради обид за трговија со марихуана. Дрогата што ја набавиле во Косово планирале со автобус да ја прошверцуваат во Турција, каде што планирале да ја препродадат. Трите килограми марихуана ги спакувале во кутии за чај, но биле откриени од страна на цариниците на граничниот премин Богородица. Против нив е поднесена кривична пријава и им е одреден 30 дена притвор.
Дргата била откриена завчера по што се приведени Т. А. (45), А. З. (42) и А. И. (39) од Гостивар. Според сознанијата на полицијата,Т. А. по претходен договор со А.З, во втората половина од минатиот месец, за неутврдена сума од Косово набавиле марихуана со цел да ја транспортираат од Гостивар до Истанбул заради понатамошна препродажба.
„Кога Т. А. ја набавил марихуаната, тој ја препакувал во картонски кутии од чај, по што го ангажирал З. А. да пронајде лице што ќе го изврши транспортот на дрогата за паричен надомест од 1.500 евра. За таа цел била ангажирана А. И. да го изврши транспорт на марихуана со автобус. Таа резервирала билети и на 31 минатиот месец заминала со автобус кон Истанбул. Истиот ден, околу 19.30 часот, на излезот од Македонија на ГП Богородица, при проверка на багажот мобилен тим од Царинската управа во внатрешноста на автобусот пронашол две најлонски кеси во кои се наоѓале вкупно четири картонски кутии од црн чај исполнети со по едно најлонско пакување со марихуана.
Картонски кутии од чај, во кои имало четири пакувања дрога, биле одземени и предадени на полициски службеници, по што се доставени за крим-техничко вештачење во МВР на РМ. Од извршеното вештачење било утврдено дека се работи за три килограми наркотична дрога марихуана.
Извор: Макфакс