Гостиварското обвинителство побара притвор за дилер на дрога | Правдико

Правдико

   

Гостиварското обвинителство побара притвор за дилер на дрога

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против едно лице, 57-годишен жител на с.Здуње, за кој постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Неовластено производство и пушање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори  од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

При извршен претрес во возилото на осомничениот, на 28 април 2021 година, овластени службени лица пронашле 10 грама  наркотична дрога хероин, која осомничениот ја набавил заради продажба. Дрогата била спакувана во две одделни пакувања и скриена зад ретровизорот.

Во насока на непречено одвивање на постапката, јавниот обвинител до надлежниот суд достави предлог за определување на мерка притвор за осомниченото лице. Судијата на претходна постапка од Основниот суд Гостивар го прифати предлогот на обвинителството и со Решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Партнери на Правдико