Грабар: Хрватска да го воведи еврото до 2020 година како национална валута | Правдико

Правдико

   

Грабар: Хрватска да го воведи еврото до 2020 година како национална валута

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Хрватскaта претседателка, Колинда Грабар Китаровиќ, очекува Хрватска до 2020 година да го воведи еврото како национална валута, иако актуелната власт на најмладиот член на Европската унија одбива да одреди датум.

Воведувањето на еврото е едено од прашањата за кои нема согласност помеѓу шефот на државата и премиерот Зоран Милановиќ.

Според Грабар Китаровиќ, воведувањето на еврото во наредните пет години е важно за хрватската економија, бидејќи, како што истакна во интервју за Блумберг ” е тесно поврзано со економиите на Унијата”.

Првата жена на чело на Хрватска смета дека припремите за хрватската економија и нејзините клучни предизвици, го опфаќаат и воведувањето на еврото,  поголемата соработка помеѓу работниците и работодавачите, но и со инвеститори кои би биле заинтересирани да инвестираат во континенталниот дел на земјата – што е далеку од туристички ориентираниот јадранскиот брег,пренесува “Вечерњи лист”.

“Ова ќе ги реши структурните проблеми што ги имаме во економијата. Имаме големи залихи на природни ресурси, образовани луѓе, и ние треба да се фокусираме на тоа како да управуваме со овие средства”, рече Грабар Китаровиќ.

Таа рече дека сака да се модернизира Хрватска во сите аспекти, вклучувајќи ја и политиката.

“Ние мораме да го промениме начинот на размислување и да создадеме услови економијата полесно да се развива”, убедена е Грабар Китаровиќ.

Препорачуваме

Партнери на Правдико