Грабеж во стан во Скопје
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Тешка кражба била извршена ноќеска во стан во Скопје, на улица „Хераклеја“.
Сторителот ја отворил влезната врата и украл пиштол „аркус“, калибар 9 мм, со рамка со 15 куршуми, две рамки за пиштол, 55 куршуми, два часовници, златно ланче, алка и 3.000 денари.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Извор: Нова Македонија