Град Скопје да воведе категорија старател за бездомни кучиња – Анима мунди
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ бара од градската власт да ја исфрли забраната за хранење бездомни животни на јавни површини, вметната во новата одлука за комунален ред, што утре ќе се најде на дневен ред пред Советот на Град Скопје. Наместо тоа, предлагаат да се воведе категоријата граѓанин – „старател на бездомно животно“.
Тие направиле неколку амандмани на предлог-одлуката за комунален ред што деновиве ќе ги достават до Градот.
Од „Анима мунди“ го наведуваат примерот од Белград, соседна Србија, каде што веќе постојат старатели на бездомни животни. Тие луѓе се внесени во регистар, со лични податоци, и ја преземаат одговорноста за бездомните кучиња за кои одлучиле да се грижат.
– Тоа е лице што не е сопственик на животно, туку се грижи за него на територијата на која живее и притоа придонесува, помага на Градот Скопје и општините во контролата на бездомните животни и здравствената заштита на животните и на луѓето – појаснуваат активистите од здружението.
Старателите велат дека се еден вид волонтери и со ваквата ангажираност ќе му помогнат на Градот во третирање на оваа популација животни.
Од Градот вчера посочија дека текстот од Предлог-одлуката, пред да биде ставен на дневен ред пред Советот, бил испратен до неколку надлежни институции, како и до „Анима мунди“ и во одлуката го вметнале сите конструктивни и основани забелешки.
Извор: Скопје инфо