Град Скопје ги повикува граѓаните да се пријават за бесплатно чистење на оџаците
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Град Скопје ги потсетува граѓаните дека во тек е јавниот повик за доделување субвенции на домаќинствата и на други субјекти за чистење оџаци како една од мерките за намалување на последиците од загадувањето на воздухот. До овој момент до Град Скопје се пристигнати 99 барања за субвенции за чистење оџак.
Со оваа мерка Град Скопје ќе надомести дел од трошоците на домаќинствата и на други субјекти за чистење на оџаците во нето-износ најмногу до 1.200 денари, а за субвенции може да достават барање физички и правни лица, чие живеалиште, односно седиште, е на подрачјето на Град Скопје. Изминативе години субвенцијата беше во износ најмногу до 1.000 денари.
Субвенциите важат и за исчистени оџаци од 1.1.2020 година, a јавниот повик трае заклучно со 30.11.2020 година и ќе биде реализиран по принципот прв дојден, прв услужен, односно до реализирање на средствата предвидени за оваа намена со буџетот на Град Скопје за 2020 година.
Повеќе информации за јавниот повик можете да добиете на следниот ЛИНК.
Целта на овој проект што Град Скопје го реализира континурано е намалување на загаденоста на амбиенталниот воздух во градот, особено со партикуларните честички (ПМ 10 и ПМ 2,5). Една од поголемите причини за емисија на овие честички е затоплувањето на објектите кои не се приклучени на централното греење, пред сè, поради нецелосното и несоодветно согорување на огревното дрво, несоодветниот квалитет на дрвото и начинот на негово чување и употребата на стари, дотраени и технички неисправни печки, како и нередовно чистење и одржување на оџаците.
Познато е дека опасноста од затнати и неисчистени оџаци е голема. Не само што загадувањето и емисијата на ПМ 10-честичките е голема туку се загрозува и безбедноста на корисниците ако не се спроведува редовно чистењето. Препорачливо е оџаците да се чистат 3 пати годишно, двапати во текот на грејната сезона и еднаш кога е таа завршена.
За потсетување, Град Скопје оваа мерка ја реализира и во 2018 и во 2019 година кога беа доделени вкупно 634 субвенции.
Извор: Макфакс