Град Скопје поднесе кривична за организацијата на новогодишната прослава со Дино Мерлин | Правдико

Правдико

   

Град Скопје поднесе кривична за организацијата на новогодишната прослава со Дино Мерлин

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Град Скопје, по иницијатива од Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал, против поранешниот в.д. директор на Младинскиот културен центар (МКЦ), Русе Арсов.

Имено, градските власти бараат поведување на постапка за утврдување одговорност поради непочитување на Законот за јавни набавки, при објавување на јавниот повик за избор на коорганизатор за пречек на Новата 2020 година, објасни Данијел Апостолоски, советник за односи со јавност во Град Скопје.

„Русе Арсов од Скопје во својство на в.д. директор на МКЦ-Скопје на ден 14.12.2019 година објавил јавен повик за избор на коорганизатор на активностите за ‘Дочек на Новата 2020 година’ додека критериумите за избор на најповолна понуда со определни бодови од јавната установа биле донесени на 18.12.2019 година, односно по објавување на јавниот повик, и истите не се составен дел на јавниот повик“, рече Апостолоски.

Како што нагласи тој, поради необјавувањето на овие критериуми, потенцијалните учесници на јавниот повик не биле информирани на кој начин ќе се врши доделувањето на бодовите и изборот на најповолна понуда.

„На објавениот јавен повик се пријавил еден единствен правен субјект и тоа Здружение Дирекција за култура и уметност од Скопје, при што на ден 19.12.2019 година Комисијата за избор на коорганизатор кој ќе ја организира избраната предлог-програма на активностите за „Дочек на Новата 2020 година“ согласно со Записник од одржан состанок на комисијата, утврдено е дека апликантот Здружение Дирекција за култура и уметност од Скопје ги исполнува условите предвидени во конкурсот, при што во записникот не е извршено поединечно бодување, односно не е нотирано за кој критериум колку бодови се доделуваат, туку бодовите се доделени збирно“, истакна советникот за односи со јавност во Град Скопје.

Според Апостолоски, во понатамошната постапка Арсов како в.д. директор на МКЦ на ден 20.12.2019 година склучил договор со Здружението Дирекција за култура и уметност Скопје, со што постапил спротивно на Законот за јавни набавки и овозможил настанот да се организира надвор од пропишаната законска регулатива.

Русе Арсов на крајот од минатата година се повлече од директорската функција во Младинскиот културен центар, како што рече, поради здравствени причини.

Во однос на барањето на Антикорупциска, Обвинителството да ја истражува новогодишната прослава во Скопје на која настапи Дино Мерлин, Арсов при објавувањетно на оставката посочи дека е уверен оти во овој предмет нема никаков криминал.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико