Град Скопје за викендов најави засилени контроли за непрописно паркирање на Водно
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Град Скопје за овој викенд најави засилени контроли за непрописно паркирање на Водно поради метежот од возила што се создал минатиот викенд.
„За да се заштити планината Водно од загадување и за да се овозможи непречено и безбедно движење на сите учесници во сообраќајот, а особено на пешаците и на велосипедистите, Град Скопје воведе две нови автобуски линии – автобусот со број 25А тргнува од пред катната гаража ’26 Јули’ на улицата Свети Кирил и Методиј, а автобусот со број 25Б – од паркингот кај Цветниот пазар (Дом на печатот). Овие две автобуски линии до Средно Водно се бесплатни за време на викендите и државните празници, а во овие денови бесплатно е и паркирањето во катната гаража на улицата Свети Кирил и Методиј и на паркингот кај Цветниот пазар (Дом на печатот)“, соопштија од Град Скопје.
Возниот ред на автобуските линии е објавен ТУКА!
Градот Скопје и ЈП „Градски паркинг“ воведоа зонско паркирање на паркиралиштата на Средно Водно. Паркирањето се наплаќа за време на државните празници и за викендите од 9 до 16 часот. Цената за првиот час паркирање изнесува 100 денари, а секој нареден час 50 денари.
Град Скопје им препорачува на граѓаните да ги искористат сите овие поволности и овој викенд да ги остават автомобилите во катната гаража „26 Јули“ и на паркингот кај Цветниот пазар (Дом на печатот) и со автобус да се качат бесплатно на Водно.
Извор: Макфакс