Градоначалникот на Куманово добивал закани, поднесена кривична пријава против едно лице | Правдико

Правдико

   

Градоначалникот на Куманово добивал закани, поднесена кривична пријава против едно лице

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Градоначалникот на Куманово до СВР Куманово пријавил дека во два наврати му биле испратени СМС пораки со заканувачки содржини кон него и неговиот син. По превемени мерки секторот за внатрешни работи во Куманово до Основното јавно обвинителство поднело кривична пријава против 34-годишен жител од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“, казниво по член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопштија од полицијата.

По преземени мерки лицето е лишено од слобода, а како што соопшти полицијата му биле одземени мобилен телефон, безбол палка, четири полиетиленски пакувања со наркотична дрога марихуана и една сим картичка.

Исто така, по преземени мерки, било утврдено дека лицето е сторител на уште две кривични дела „оштетување туѓи предмети“, пред само неколку дена прјавениот скршил излог стакла на два штаба на политичката партија СДСМ, лоцирани на улица Илинденска и улица „Тоде Мендол“.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико