Графолог потврди: Фатиме Сулејмани не се потпишала во Избирачкиот список | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Графолог потврди: Фатиме Сулејмани не се потпишала во Избирачкиот список

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Графологот потврди дека жената која не можела да гласа во Гостивар, затоа што во графата за потпис веќе бил потпишан некој друг, со нејзиното цело име и презиме, не се потпишала, туку тоа го направил некој друг.

izbiracki-spisok22

Во четвртокот Државната изборна комисија одлучи да повика графолог кој ќе утврди дали Фатиме Сулејмани се потпишала или тоа го направил некој друг, па графологот Марина Софреска утврдила дека не одговараат елемените на потписот со оригиналниот, соопшти во петок, претседателот на ДИК, Александар Чичаковски.

Од Избирачкиот одбор, во четвртокот тврдеа дека потписот бил ист како во личната карта и затоа се сомневале дека тоа е обид за повторно гласање на иста личност, поради што побарале да се потпише на бел лист.

Силвана Бонева, член на ДИК од ВМРО-ДПМНЕ смета дека е неприфатливо што овластениот претставник на СДСМ за поднесувањето на приговорите до ДИК, многу се заземал за случајот, инаку приговор поднесен од Движењето БЕСА.

Таа и денеска побара сите пет членови на Избирачкиот одбор да дојдат, што беше отфрлено со надгласување од членовите на ДИК.

Бонева очекува да се отфрли приговорот затоа што тој еден глас не влијае на резултатите од изборите. Сепак, таа напомена дека немаат начин како да утврдат како друга жена ја имала личната карта на Сулејмани и вешто го имитирала нејзиниот потпис, ако се знае дека нема пријава дека личната карта е украдена или изгубена. Што ако е била намерно дадена на друго лице?, праша Бонева.

Таа напомена дека за ваквно нешто казната е затвор до три години за членовите на изборачкиот одбор, по што рече дека пет недолжни луѓе може да завршат во затвор, за некој да рече дека има неправилности во изборите.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико