Граѓаните имаат уште една седмица да ги пријават приходите во УЈП | Правдико

Правдико

   

Граѓаните имаат уште една седмица да ги пријават приходите во УЈП

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во текот на следната седмица се очекува околу 170.000 граѓани да ги пријават своите приходи, соопштуваат од Управата за јавни приходи (УЈП). Оттаму додаваат дека заклучно со вчерашниот ден (8 март), поднесени биле вкупно 235.258 пријави, од кои најмногу во Скопје, и тоа 86.643.

Од УЈП потсетуваат дека со цел да се избегнат метежите на даночните шалтери, особено во Скопје, граѓаните можат да ги поднесат пријавите и во дополнителните пунктови кои управата ги има отворено во Центар, како и општините Ѓорче Петров, Бутел, Гази Баба и Аеродром. Исто така пријавите можат да се поднесат преку Мобилните даночни шалтери кои ќе гравитираат во повеќе населени места и општини во Скопје и низ Македонија.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико