Граѓаните може да пријават изборни нерегуларности во канцелариите на Народниот правобранител | Правдико

Правдико

   

Граѓаните може да пријават изборни нерегуларности во канцелариите на Народниот правобранител

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Сите седум канцеларии на Народниот правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, ќе бидат отворени за граѓаните в недела, 29 октомври, на денот на одржување на вториот круг од локалните избори, од 07 до 19 часот.

Освен лично во канцелариите граѓаните изборните нерегуларности ќе може да ги пријават и на следниве телефонски броеви:
Канцеларија во Скопје: 02 3129-327 и 3129-367 , Битола: 047 242-310, Кичево: 045 228-586, Куманово: 031 431-488, Струмица: 034 329-996, Тетово: 044 344-082 и Штип: 032 389-701.

„Народниот правобранител уште еднаш ја истакнува важноста на почитувањето на правото на слободно изразување на волјата на граѓаните, како едно од фундаменталните човекови права, што придонесува за создавање демократски и функционални институции за здраво демократско општество. Во таа насока, Народниот правобранител апелира до сите, а посебно до надлежните органи, во рамките на нивните можности и надлежности да придонесат за спроведување избори во кои гласањето ќе се одвива слободно и непречено, во согласност со законот и доследно ќе се почитуваат човековите права“, се вели во соопштението.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико