Правдико

   

Граѓаните може да пријавуваат прекршувања на избирачкото право во Хелсиншкиот комитет

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со оглед дека веќе почна гласањето во рамки на предвремените избори за пратеници во Собранието, Хелсиншкиот комитет за човекови права ги известува граѓаните дека имаат можност да пријават евентуални прекршувања на нивното избирачко право и во Комитетот, на телефонските броеви (0)2 3119 073 и 072 278 436 или на helkom@mhc.org.mk.

Денеска почна гласањето на лица кои се болни од Ковид-19 и во самоизолација, додека утре гласаат болните и немоќните, лицата во казнено-поправни установи, старски домови и внатрешно раселени лица. Канцеларијата на Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе биде отворена и в среда, 15 јули 2020, од 7 до 21 часот.

„Исто така, апелираме до граѓаните, при исполнувањето на нивното уставно загарантирано избирачко право, задолжително да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19, за да го заштитат своето и јавното здравје“, се вели во соопштението.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико