Граѓаните на Египет го одобрија новиот Устав | Правдико

Правдико

   

Граѓаните на Египет го одобрија новиот Устав

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

71063

Египетските граѓани на дводневниот референдум со големо мнозинство го одобрија новиот устав на земјата, соопшти директорот за односи со јавноста на египетското Министерство за внатрешни работи, генерал-мајорот Абдел Фатах Охма.

– Можно е одѕивот да биде поголем од 55 отсто, а за новиот Устав гласаа можеби повеќе од 95 отсто од избрачите, рече Отман.
Исламистите повикаа на бојкот на референдумот, што се одржа вчера и завчера.
Преодната Влада донесе одлука за одржување на референдумот, како прв од неколкуте чекори, со кои, како што најави, треба да биде повторно воспоставен изборниот систем до крајот на годината.
Новиот устав ќе го замени Уставниот акт, кој соборениот претседател Мохамед Морси го потпиша во декември 2012 година, а кој претходно  исто така беше одобрен на референдум.
Извор: 24 Вести

Партнери на Правдико