Граѓаните од дома ќе можат да ја следат постапката за откуп на дворно место
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Од второто тримесечје годинава граѓаните ќе можат да си го следат својот предмет за приватизација на градежното место од дома, информираат од Кабинетот на министерот за финансии, Драган Тевдовски.
Ваквата можност беше тема на разговор на денешната средба меѓу министерот Тевдовски и директорката на Управата за имотно-правни работи, Шасине Касами.
„Управата за имотно-правни работи во 2018 година активно работеше на менаџмент-информацискиот систем со кој се зголемува ефикасноста на услугите што ги нуди управата. Набавени беа и скенери со повисоки перформанси, а сѐ со цел полесно и поедноставно внесување на предметите во системот“, информираат од Кабинетот на министерот.
Од таму додаваат дека до крајот на март планирано е сите предмети за приватизација на градежно земјиште да бидат внесени во системот, по што ќе биде развиена дополнителна можност за пристап во системот на самите поднeсители на барања, кои во секој момент ќе имаат увид во статусот на нивното поднесено барање.
Годинава, како што информирала Касами на средбата, ќе се менува и Законот за приватизација на градежното земјиште со цел упростување и прецизирање на постапките. Воедно се работи и на измени со цел забрзување на постапката за решавање на предметите кои се однесуваат на колективните станбени згради.
Извор: Макфакс