Граѓаните преку интернет ќе може да се пријават за да добијат ковид-вакцина
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Граѓаните кои сакаат да се вакцинираат против Ковид-19, ќе можат преку интернет да се пријават за да добијат вакцина, изјави министерот за здравство, Венко Филипче. Тој додаде дека 4.000 здравствени работници се пријавиле, од кои 2000 во Скопје, а останатите од другите градови.
„Сајтот се очекува да биде во функција утре и тоа ќе значи дека секој сам ќе може да се пријави, а системот ќе биде тој кој ќе генерира кои се приоритетни“, вели Филипче.
Тој денеска беше во посета на поликлиника „Бит-пазар“, каде што разговарале за тоа како ќе бидат распределени седумте вакцинални пунктови во Скопје.
Во согласност со капацитетот на здравствениот кадар, во некои поликлиники и здравствени домови ќе има по повеќе вакцинални пунктови кои ќе работат во две смени за да може да се имунизираат поголем број граѓани.
Извор: Макфакс