Делев: Граѓаните да пријават енормно зголемени цени | Правдико

Правдико

   

Делев: Граѓаните да пријават енормно зголемени цени

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

120C25D36C495644A4812DD5F0D40115Заменик-министерот за економија Христијан Делев вели дека одлуката на Владата за замрзнување на цените е донесена бидејќи некои трговци ја злоупотребиле ситуацијата со поплавите. „Македонија се соочува со последиците од невремето, а одредени трговци ова го искористија во своја полза, што беше многу нефер од нивна страна. Вчера и изминатите неколку дена се јавија граѓани кои пријавуваа енормно зголемување на цените, посебно кон луѓето во регионите зафатени со поплавите“, рече Делев.

Според него, одлуката ќе важи до крајот на овој месец, а ако има потреба и понатаму ќе се интервенира. „Ги охрабрувам граѓаните да се јават во инспекторатот, и да бидат сигурни дека тој ќе излезе на терен за тоа да го регулира“, рече Делев, нагласувајќи дека казните се високи, а може да бидат затворени и објекти.

Во однос на најавата за драстично зголемување на цените на градинарските култури од страна на пазарџиите, Делев рече дека поплавите нема да се одразат на зголемувањето на цените, но ако тоа се случи, ќе се интервенира и во овој дел. „Владата тоа нема да го дозволи и ќе интервенира секаде каде што е потребно. Ако се соочиме со недостиг од производи, има решенија. Тие може да се увезуваат, голем дел од нив и се увезуваат. Нема никакви интервенции на светските берзи и нелогично е цените да се зголемуваат. Поплавите нема да се одразат на подигнување на цените, најголем дел од тие градинарски производи не се од тој крај. Тоа се шпекулации што некој сака да ги искористи во своја корист“, смета Делев. (Ек.Р.)

Извор: Утрински весник

Препорачуваме

Партнери на Правдико