Грчка финансиска драма, банките нема да работат 6 работни дена | Правдико

Правдико

   

Грчка финансиска драма, банките нема да работат 6 работни дена

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Банките во Грција нема да работат одреден период, изјави вчера премиерот Алексис Ципрас. Повика на смиреност и порача дека депозити во банките се безбедни.

6a6031c5785bfb0a6f0f6a706700e088

Грчкиот премиер Алексис Ципрас соопшти дека банките во Грција ќе бидат затворени одреден период и ги обвини европските партнери и Европската централна банка за вршење притисок врз Грција.

Дека од понеделник нема да работат банките порано соопшти и шефот на Пиреус банка, по итниот состанок со Советот за финансиска стабилност, објави Би-Би-Си.

alexis-tsipras.siСоветот за финансиска стабилност предложи банките да бидат затворени во наредните шест работни дена .

Ципрас најави дека ќе се спроведува контрола на капиталот, бидејќи Грците по неговиот повик за референдум за понудата на кредиторите резултираше со повлекување на пари од банките, пренесува Танјуг.

Ципрас ги обвини европските партнери и Европската централна банка за вршење притисок врз Грција, но рече дека нема да се откаже од својот план за одржување референдум следната недела.

“Одбивање на барањата на грчката влада за кратко продолжување на програмата е невиден чин според европските стандарди, што го доведува во прашање правото на суверенитет и одлучување на народот”, истакна Ципрас во телевизиското обраќање до нацијата.

“Оваа одлука доведе ЕЦБ да ја ограничи ликвидноста на грчките банки и да ја принуди грчката централна банка да предложи пауза во нивната работа и ограничувања на повлекување на пари”, рече грчкиот премиер.

Грчкиот премиер истакна дека депозитите на граѓаните во грчките банки се потполно безбедни

“Сега е многу јасно дека целта на оваа одлука е само да го уценуваат грчкиот народ и да се спречи процесот на демократски референдум”, рече Ципрас во телевизиското обраќање.

Германската канцеларка Ангела Меркел контактирала со американскиот претседател Барак Обама и се согласиле дека е од клучно значење да се најде начин да се задржи Грција во еврозоната.

Препорачуваме

Партнери на Правдико