Грчката полиција заплени 392 килограми марихуана од Албанија | Правдико

Правдико

   

Грчката полиција заплени 392 килограми марихуана од Албанија

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Грчката полиција во месноста „Лутро“ во близина на градот Арта, заплени 392 килограми марихуана од Албанија

Дрогата била натоварена во две возила со грчки регистарски таблички.

Кога полицијата се обидела да ги запре, лицата кои управувале со нив ја зголемиле брзината на движење, по што полицијата продолжила да ги следи.

Кусо потоа уапсен е еден од нарко-шверцерите, албански државјанин на 32-годишна возраст и запленети се двете возила, кои по извршената контрола било утврдено дека се украдени во Атина. И другиот нарко шверцер, по кого трага полицијата, е албански државјанин.

Дрогата била илегално внесена на грчка територија преку планински предел на албанско-грчката граница, а крајната дестинација била Атина.

Од почетокот на годинава албанската, грчката и италијанската полиција запленија повеќе од четири тони марихана, произведена на територијата на Албанија.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико