Правдико

   

Грчки државјанин усмртил пешак во Битола

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Педесет и шестгодишен маж усмртил пешак во Битола, информираат од МВР.

Имено, С.Т. (56) од Флорина, управувајќи патничко возило „мерцедес Ц220“ со грчки регистарски ознаки, удрил во пешакот П.Н. (67) од Битола, која починала на самото место на настанот. Смртта била констатирана од страна на екипа од Итна медицинска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.

По наредба на јавен обвинител над телото на починатата ќе биде извршена обдукција, а С.Т. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Битола за понатамошна постапка.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико