Грчки навивачи физички малтретирале вработен на бензинска на „Лукоил“ кај Куманово | Правдико

Правдико

   

Грчки навивачи физички малтретирале вработен на бензинска на „Лукоил“ кај Куманово

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Навивачи на грчкиот клуб „Олимпијакос“ вчера околу 11 часот на бензинската пумпа на „Лукоил“ кај Куманово без повод и причина, физички го нападнале вработениот Ј.А. (35), соопшти денеска МВР.

hitportal-olimpijakos

Тие го удриле по главата и телото, го плукале, го влечеле и туркале во маркетот и одзеле разни артикли и извршиле оштетување на објектот.

Во 15.00 часот во полициската станица во Куманово, поради основано сомнение дека се сторители на нападот врз вработениот на бензинската пумпа „Лукоил“, се приведени и задржани грчките државјани Х.А. (26), П.Ф. (26) и Т.В. (29).

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Извор: еМагазин

Партнери на Правдико