Правдико

   

Грчкиот парламент и изгласа доверба на владата на Ципрас

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Грчкиот Парламент рано изутринава и изгласа доверба на новата Влада на премиерот Алексис Ципрас.

грција-парламент

За доверба на Кабинетот се изјаснија 155 од вкупно 300-те пратеници во Парламентот, од редовите на двете партии од владината коалиција – Сириза и Независни Грци (АНЕЛ).

Во обраќањето пред пратениците пред гласањето, Ципрас вети дека до 2019 година неговата Влада ќе ја извлече Грција од кризата.

Тој побара првата оценка по новиот договор за спас во вредност од 86 милијарди долари да биде готова до крајот на ноември, по што Владата до крајот на годината би можела да почне преговори за отпишување на грчкиот долг.

– Брзо ќе ја преминеме пречката со првата оценка, ќе ги решиме големите прашања со докапитализацијата на банките и долгот и ќе продолжиме постепено да ја менуваме Грција, порача Ципрас во обраќањето пред пратениците.

Аналиитчарите проценуваат дека првиот вистински тест владиното мнозинство ќе го има во текот на следните недели при гласањето по реформите, кои вклучуваат и зголемување на даноците и намалување на пензиите, што е услов за исплата на нова транша од помошта во износ од три милијарди евра и деблокирање на 25-те милијарди евра наменети за докапитализација на банките.

Извор: Утрински Весник

Партнери на Правдико