Грчкиот суд го одби барањето на Турција за испорачување на три воени лица
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Грчкиот суд во средата го одби и второто барање на Турција за испорачување на три од осум турски воени лица кои со хеликоптери побегнаа во Грција по неуспешниот воен пуч во јули минатата година, пренесуваат грчките медиуми.
Грчкиот Врховен суд претходно го одби првобитното барање бидејќи зазема став дека турските војници нема да имаат чесно судење во својата земја и дека нивните животи би можеле да бидат загрозени, што предизвика гнев во соседна Турција.
По разгледувањето на новото турско барање, атинскиот суд го прифати аргументот на обвинителите дека Врховниот суд веќе пресудил во овој случај. Судот слична одлука донесе минатата недела по повод барањето за екстрадиција на други тројца припадници на турската војска, а в четврток ќе одлучи за преостанатите двајца.
Ситу осум турски воени пилоти и инжињери побарале азил во Грција. Од обидот за пуч во јули минатата година беа уапсени повеќе од 47 илјади луѓе, а се проценува дека досега биле отпуштени околу 100 илјади вработени во државните служби.
Извор: Макфакс