Грчкиот суд ја одложи екстрадицијата на турските офицери
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Грчкиот Врховен суд го одложи објавувањето на одлуката за екстрадиција на осум турски офицери, кои Анкара ги бара поради неуспешниот воен удар во јули минатата година.
Извор од Министерствоото за правда изјави дека одлуката ќе биде објавена во четврток, на 26 јануари, бидејќи се разболел еден од судиите.
Осум офицери на турската армија слетаа со хеликоптер во градот Александропол во северна Грција во јули, еден ден по неуспешниот воен удар.
Претходно, канцеларијата на Врховниот суд изјави дека е против испраќање на офицерите назад во Турција, изразувајќи загриженост за нивната безбедност и правото на фер судење.
Офицерите тврдат дека членови на нивните семејството се отпуштени од нивните работни места а пасошите им се конфискувани. Тие негираат дека учествувале во државен удар и посочуваат дека нивните животи се загрозени.
Барањата за азил во Грција им се отфрлени, но во тек е постапка по нивните жалби.
Грчкиот Врховен суд го презеде случајот откако Апелациониот суд минатиот месец донесе контрадикторни одлуки.