Грчките банки ќе останат затворени до понеделник
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Грчката влада одлучи банките да останат затворени до понеделник, соопшти министерството за финансии.Ова е трет пат продолжување на рокот во кој банките не работат од 29 јуни поради масовно повлекување на пари и можноста за драстично влошување на финансиската состојба на земјата.
Продолжувањето на роковите се објаснуваат преку “потребата да се заштити финансискиот систем и грчката економија од недостиг на готовина”
Од затворањето на банките воГрција клиентите на банките можат да подигнуваат само до 60 евра.
Ова ограничување не се однесува на Грците и странците кои имаат картички на странски банки.
Некои филијали на грчките банки работат само за пензионери кои немаат картичка за да земат пари од банкомат.