Грчките даночни инспектори ќе ги чешлаат хотелите и рестораните
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Од хотели со пет ѕвездички до скромни таверни, грчките даночни инспектори ова лето ќе се фокусираат на решавање на проблемот на затајување на данок во популарните туристички дестинации.
По зголемување на стапката на данокот на додадена вредност (ДДВ), Владата на премиерот, Алексис Ципрас вети дека ќе се справи со даночното затајување.
“Ќе почнеме со луксузните дестинации и луксузните хотели, но ќе правиме контроли дури и во најмалите таверни”, рече заменик-министерот за финансии, Трифон Алексијадис, откако по извршените проверки од страна на тимот на Министерството за финансии за финансиски криминал покажа дека една од четири компании во Грција ги кршат даночните прописи.
Поради кратењата во буџетот, тимовите кои го испитуваа финансискиот криминал во Грција немаа доволно работна сила, но ќе бидат ангажирани инспектори од други сектори за да им помогнат во истрагата, изјави Алексијадис.
Според Секретаријатот за јавни приходи, повеќе од една третина од компаниите кои работат на островите избегнуваат плаќање на даноците. Според Секретаријатот, врз основа на 568 даночни контроли во компаниите во Пиреја, Киклади, островите во северниот и јужниот дел на Егејското Море и на островот Крит, во 210 случаи се откриени прекршувања на законските одредби.
Туризам носи околу една петтина од бруто домашниот производ на Грција и е важен двигател на економскиот раст, а даноците собрани во овој сектор значително ќе го закрепнат буџетот.