Грчките обвинители добија детали за 92 жртви од катастрофалните пожари | Правдико

Правдико

   

Грчките обвинители добија детали за 92 жртви од катастрофалните пожари

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Листа од 92 жртви, вклучувајќи и две неидентификувани лица, од смртоносните пожари кои минатиот месец ја зафатија областа Атика, форензичарите ги испратија до обвинителите во Атина, како дел од истрагата по катастрофата.

Информациите ќе им помогнат на обвинителите при контактот и повикувањето на роднините на загинатите и другите преживеани во пожарите да дадат исказ со цел собирање докази.

ДНК-примероци се земени од двете неидентификувани останки, но нивните најблиски сè уште не дошле да ги идентификуваат.

92. жртва од пожарите беше 85-годишен маж, кој почина вчера во болница во Атина, со што бројот на жртвите од пожарот кои починале во болница се искачи на вкупно девет лица.

Обвинителите веќе слушнале сведоштва од 25 службеници, вклучувајќи ги и сегашните и претходните команданти на противпожарната.

Во меѓувреме, властите примиле 3 130 барања од луѓе и бизниси за добивање финансиска помош по катастрофата.

А како што соопштија властите, поединците треба да добијат паушална сума од 5 000 евра, додека бизнисите ќе добијат по 8 000 евра.

Општина Рафина вети дополнителни 587 евра за секоја жртва во пожарите.

Од вторникот, 1,95 милиони евра им се исплатени на 426 граѓани, додека сума од 184 000 евра им е исплатена на 27 компании.

Преживеаните, исто така, добиваат помош од единицата за мобилна поддршка обезбедена од Општина Атина.

Во раните утринските часови, како што објави грчки „Катимерини“, грчката противпожарна служба реагирала на пожар во областа Агиа Марина во Неа Макри во источна Атика.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико