Грчките обвинители запленија податоци на 200 штедачи во швајцарската банка UBS | Правдико

Правдико

   

Грчките обвинители запленија податоци на 200 штедачи во швајцарската банка UBS

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Грчки финансиски обвинители извршиле рација во филијала на швајцарската банка Ју-Би-Ес (UBS) во Атина при што заплениле податоци на 200 големи штедачи, јавија грчките медиуми.

iuopnv

Проверката била извршена откако официјална Атина од властите на германската област Северна Рајна – Вестфалија добила список со имиња на грчки штедачи кои имале сметки во швајцарската банка.

Обвинителите заплениле компјутерски хард дискови и фајлови од банката. Според некои извори, идентификувани се 200 сомнителни сметки, на кои имало депозити од 1,5 до 12 милиони евра.

А ШТО Е СО МАКЕДОНЦИТЕ КОИ ЧУВААТ ПАРИ НА ШВАЈЦАРСКИ СМЕТКИ

Пред неколку месеци истражувањето на Меѓународниот конзорциуим за истражувачко новинарство, ги потврди шпекулациите присутни со години, дека и Македонци чуваат големи пари (барем за наши услови) во швајцарски банки.

Истражувањето покажа дека во швајцарскиот огранок на британската банка ХСБЦ, која им помагала на богатите клиенти да избегнуваат плаќање даноци и да скријат милиони долари има и 9 клиенти од Македонија, кои на 15 сметки имале 164 милиони долари (11% имаат македонски пасош или се со македонска националност). Она што посебно паѓа во очи е податокот од истражувањето дека само на една сметка, лице од Македонија има 54,6 милиони долари.

Сметките на клиентите од Македонија се отворени во периодот од 1988 до 2006 година. Поради нетраспартеноста на македонските бизнисмени и политичари, многу е тешко да се претпостави кое е тоа лице и дали е со македонско државјанство или пак можеби има двојно државјанство или се работи за компанија.

Од Јавното обвинителство по објавувањето на информацијата соопштија дека ќе покренат истрага, но до денес нема никаква информација до какви сознанија дошле.

Извор: еМагазин

Препорачуваме

Партнери на Правдико