Грчките земјоделци го прекинаа штрајкот, Евзони отворен за сообраќај | Правдико

Правдико

   

Грчките земјоделци го прекинаа штрајкот, Евзони отворен за сообраќај

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Граничниот премин Евзони е отворен за сообраќај за сите видови на возила, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија, откако грчките земјоделци го прекинаа штрајкот. Овој граничен премин беше во прекин за секаков вид на сообраќај речиси три недели.

Како што информираат од АМСМ, на останатите граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози на пониските места, додека на осојничавите места коловозите се наместа влажни.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико