Грција бара санкционирање на членките што нема да примат бегалци | Правдико

Правдико

   

Грција бара санкционирање на членките што нема да примат бегалци

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Грција инсистира европските лидери на состанокот во Брисел да донесат одлука за санкции на членките на ЕУ кои унилатерално ќе одлучат да го оневозможат влезот на бегалците.

Заменик-министерот за одбрана на Грција, Димитрис Вицас, кој го предводи тимот задолжен за решавање на проблемот со бегалците, изјави дека Европа не треба во себе да има „држави тврдини“.

Атина повеќепати ја критикуваше Австрија поради ограничување на бројот на мигрантите на кои им е дозволено да влезат во земјата, што предизвикало домино-ефект на Балканот и „зароби“ речиси 46.000 мигранти во Грција.

Тоа вклучува и 14.000 лица во шаторски населби на преминот Идомени, на границата на Грција со Македонија.

Грчките власти се обидуваат да ги убедат луѓето да преминат во организираните сместувања на други места, но ја исклучуваат можноста за употреба на сила за да се евакуира кампот.

Извор: Мета

Партнери на Правдико