Грција го саботира самитот на ЕУ уште пред нејзиниот почеток | Правдико

Правдико

   

Грција го саботира самитот на ЕУ уште пред нејзиниот почеток

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во сабота, во Рим, лидерите на 27-те земји од Европската унија без Велика Британија се собираат на историска средба, но Грција започна да го саботира форумот уште пред неговиот почеток, посочуваат аналитичари.

Разговорите во италијанската престолнина се посветени на 60-годишнината од потпишувањето на Римските договори, со кои се основа ЕУ, а со нив треба да се демонстрира единство на преостанатите во Унијата и да се даде формален почеток на дебата за тоа како таа ќе изгледа по повлекувањето на Британците.

По објавувањето на Белата книга на Жан-Клод Јункер и тврдењата за “Европа со различни брзини”, се очекуваше отпорот да дојде од Источна Европа, која не сака да биде во долната категорија, веднаш по богатите западни земји.

Но, всушност Атина стана првата која ја повлече поддршката за проектот за Римска декларација.

Алатка во преговори за … кредити

На овој начин Грција протестира против реформите кои ги бараат кредиторите од земјата потребни за да ги отпуштат парите од новите заеми за избегнување на банкрот, објави во средата “Ројтерс”.

Меѓународниот монетарен фонд одбива да се приклучи кон натамошните транши, се додека Грците не го реформираат пензискиот и даночниот систем, како и пазарот на трудот за да ја модернизираат својата економија и да ги направат јавните финансии поотпорни на кризни турбуленции.

Владата на Алексис Ципрас, предводена од радикалната левица, тврди дека по неколку години на намалување на трошоците, речиси е невозможно Грците  да ги проголтаат новите реформи, затоа што сметаат дека тие не се потребни.

Сега грчки претставници за “Ројтерс”  велат дека не можат да ја потпишат Римската декларација на вредностите на Европската унија, ако таа експлицитно не ги штити работничките права на граѓаните.

“Побараа уште еден став за социјалната димензија на Унијата. Но политички тие го врзаа со тековните преговори со доверителите”, објаснува претставник на ЕУ.

“Ројтерс” цитира дека кон крајот на минатата недела проектот на декларацијата и во него напишаното е дека лидерите на ЕУ ќе работат за унија на економски и социјален напредок, како и за намалување на разликите меѓу одделни земји и спојување на нивните основни системи. Сето ова ќе се зема во предвид ако во социјалните модели клучна улога имаат социјалните партнери

“Грците рекоа дека им е тешко да ќе го прослават Рим, се додека една од институциите надвор од ЕУ, турка политика која значително влијае врз нејзината економија”, вели изворот од ЕУ за “Ројтерс”.

Агенцијата додава дека во наредните денови во Брисел ќе има седница меѓу Атина и кредиторите, но разликите меѓу нив остануваат толку големи што едвај до сабота ќе има пробив.

“Тие едноставно ја користат Римската декларација како алатка во преговорите.”

Грчки официјални лица тврдат дека нема да пропадне средбата во Рим, но нејзината акција изгледа добро разработена, бидејќи повеќе нема да има седница на т.н. шерпа – претставници на земји-членки, кои разговараат и го коригираат проектот за завршниот документ.

Тоа значи дека проблемот предизвикан од Атина, поминува на високо ниво – министри и државни лидери – и во наредните денови ќе има засилени телефонски повици, а можеби и некои отстапки за Грција.

Европа е нашата заедничка иднина

Во проектот на декларацијата предложена од Доналд Туск, е запишано дека “Европа е нашата заедничка иднина”.

Текстот е долг околу страница и половина и тонот е обид да се декларира единство во контекст на повлекувањето на еден од најголемите членки на ЕУ.

“Решени сме да ја направиме ЕУ посилна и постабилна преку уште поголемо единство и солидарност меѓу нас. Единството е истовремено неопходност и наш слободен избор”, се вели во декларацијата за вредностите.

“Ако дејствуваме сами, ќе падне глобалната динамика. Да стоиме заедно е на најдобра шанса да влијаеме на светските трендови и да ги заштитиме заедничките интереси и вредности … Нашиот сојуз е неразделен и неделив.”

Текстот на претседателот на Европскиот совет е со датум 16 март и во него се декларира: “Во следните 10 години сакаме Сојузот да биде сигурен и безбеден, просперитетен и стабилен со засилени социјални димензии и со волја и капацитет да игра клучна улога во глобалниот свет”..

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико