Правдико

   

Грција го условува влезот на Албанија во ЕУ

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Поранешнот потпретседател на грчкот Парламент и актуелен пратеник Јоргос Сурлас се закани дека Албанија не ќе може да го продолжи европскикот пат, се додека не го реалзира меѓудржавниот Договор со Грција потпишан во 2010 година, јави дописникот на МИА

03112015102832_10062015194825_greece-flag.gi.top111

Според Договорот, Албанија треба да подигне Меморијал, во кој ќе бидат закопани сите грчки војници загинати во јужниот дел на Албанија или како што Грците го нарекуваат Северен Епир за време на Грчко-италијанската војна во 1939 година,

– Се додека не го изгради Неморијалот за загинатите 423 грчки војници, Албанија ќе треба да ја заборави ЕУ, изјави Сурлас на свеченоста во чест на загинатите војници во Грчко-италијанската војна, додавајќи дека тие загинале за „идеалите на слободата“.

Тој исто така додаде дека Грција ќе бара Албанија целосно да го испочитува Договорот,

Оваа не е прва закана од Атина упатена до Албанија. Како услов за членство на Албанија во ЕУ, освен изградбата на Меморијалот, Грција ги наведува и „целосното почитување на правата на грчкото малцинство“, како и спроведувањето на Договорот за поморската граница меѓу двете земји.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико