Грција го враќа законот против расизмот | Правдико

Правдико

   

Грција го враќа законот против расизмот

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Грчката влада го врати предлог-законот кој предвидува поостри казни за расистичките кривични дела, вклучително и нападите врз имигрантите, велат официјалните претставници.

129174154__418178c

Понуден и повлечен минатата година, законот сега повторно се разгледува, по фаталното прободување во септември на антифашистичкиот хип-хоп уметник Павлос Фисас, за кој беше обвинет член на неонацистичката партија Златна зора.

Владата оттогаш ги уапси или затвори сите 18 пратеници на партијата, кои чекаат судење под обвинение дека воделе криминална банда.

Златна зора беше треторангирана на изборите за парламентот на ЕУ минатиот месец, што предизвика загриженост за кривични дела од омраза.

Законот воведува поостри кривични санкции за поттикнување омраза, дискриминација и насилство, за негирање геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото. Златна зора има отворен антисемитски, антиатеистички, антихомосексуален и антимуслимански став. Партијата негира дека напаѓала имигранти. Многумина од нејзините поддржувачи тврдат дека не се расисти, но се исполнети со очај и лутина, лишени од правото на глас од главната политика.

Меѓународната невладина организација Хјуман рајтс воч рече дека предложениот закон не оди доволно далеку бидејќи не вклучува мерки за охрабрување на пријавувањето на насилните кривични дела од омраза или дејства од страна на полицијата и судството за борба против насилството од омраза.

„Антирасистичкиот закон претставува важна алатка за поефикасна борба против екстремизмот. Расизмот, насилството и екстремизмот од секаков вид не можат да се толерираат и владата е решена да не ги толерира“, рече Антонис Клапсис, шеф на истражувањето во Институтот за демократија Константинос Караманлис во Атина за SETimes.

Некои велат дека е тешко да се заострат мерките против ставовите, исто колку и против дејствата, додека Златна зора останува трета најпопуларна партија.

Нејзиното избивање напред од непозната, честопати исмејувана партија која имаше 0,29 отсто од гласовите во 2009 година, е во голема мера резултат на мерките на штедење што владата ги наметна по наредба на Тројката ЕУ-ММФ-ЕЦБ.

Многумина првично беа подготвени да замижат пред екстремизмот на Златна зора за да ја исфрлат својата лутина против мерките на штедење.

„Златна зора е тука за да остане“, рече за SETimes Алекс Сакелариу, социолог на Универзитетот Пантеон. „Ништо нема да ги спречи, ниту антирасистичкиот закон, ниту други закони.“

Златна зора ќе испрати тројца претставници во Европскиот парламент во грчката група од 21 пратеник и ќе го зголеми своето учество од националните избори во 2012 година, кога доби 6,97 отсто од гласовите. Освен минатогодишниот пад по убиството, партијата и понатаму држи силна позиција.

„Се потресов кога видов дека еден од шест сограѓани атињани гласа за неонацистички кандидат. Треба сите да се потресеме“, изјави за агенцијата „Франс прес“ Андреас Пападопулос, умерен левичарски политичар, по изборите за ЕУ.

Портпаролот на Златна зора, Илиас Касидиарис, заврши на четвртото место во првиот круг гласање за градоначалник на Атина, освојувајќи 35.000 гласови (16,12 отсто од гласовите), додека негов партиски колега освои 179.000 гласови (11,13 отсто) на регионалната трка за гувернер.

ремиерот Антонис Самарас рече дека не сака да ја забрани Златна зора, туку сака да ја растури легално и да ѝ ја одземе нејзината политичка привлечност, вклучително и со заострување на казните за кривичните дела за кои е обвинета.

Ева Косе, специјалист за Грција во Хјуман рајтс воч, рече дека владата премногу бавно одговара на расизмот.

„Грција ги разочара оние безброј жртви на расистичките и ксенофобичните напади со тоа што ниту спроведе истраги, ниту ги судеше напаѓачите“, рече Косе. „Ако министерот за правда и парламентот се сериозни во намерите да го подобрат одговорот на државата на расизмот и ксенофобијата, тие треба да ги отстранат пречките за спроведувањето на правдата за овие напади.“

Извор: Setimes

Препорачуваме

Партнери на Правдико