Грција го затвори преминот на границата со Македонија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Полицијата во северна Грција го затвори граничниот премин со Македонија и не им дозволува на мигрантите да дојдат до него поблиску од пет километри.
Властите ја затворија областа утринава и на кратко ги задржале новинарите и фотографите, објави АП.
Повеќе од 200 специјални полициски сили беа распоредени во пограничниот појас во Идомени по инцидентите помеѓу мигрантите и полицијата кои доведоа до запирање на товарниот железнички сообраќај од Грција во другите европски земји.
Ројтерс објави дека полицијата започна да ги трга мигрантите од грчко-македонската граница, кои, според еден полицаец, треба да бидат транспортирани до Атина со автобуси.
Околу 1.200 луѓе, претежно од Пакистан, Мароко и Иран беа блокирани на границата откако властите во Македонија почнаа да ги “филтрираат” мигрантите по националност.
Мигрантите во Атина ќе бидат сместени во центрите за мигранти и потоа испратени до земјите на потекло.