Грција како руски „тројански коњ“ | Правдико

Правдико

   

Грција како руски „тројански коњ“

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

По повод утрешната (8.4.2015) посета на грчкиот премиер Алексис Ципрас на Русија, германските медиуми ги пренесуваат стравувањата на Брисел и Вашингтон дека Атина би можела политички и економски да се заврти кон Москва.

0,,18363463_303,00

Американската влада е загрижена поради посетата на Алексис Ципрас на Москва и претстојната средба со Владимир Путин, пишува Франкфуртер алгемајне цајтунг (ФАЦ) по повод најавената посета на грчкиот премиер на Русија во среда (8. април). „А и политичарите во Брисел предупредија оти Грција би можела да се спротистави на санкциите изречени за Русија“, додава ФАЦ. Меѓутоа, портпаролот на владата во Атина, Габриел Сакеларидис, како што пишува Келнер Штатанцајгер, во врска со тоа истакнува дека Грција и понатаму е проевропски настроена. Овој весник понатаму наведува дека контактите со Москва во Атина се оценуваат само како „мултидимензионална надворешна политика“.

Ципрас не сака да се врати со празни раце

Но, иако не е многу веројатно дека Ципрас од Русија би можел да донесе „кредит за спас“, тој сепак патува во Москва со големи очекувања, пишува Келнер Штатанцајгер и продолжува: „Во секој случај Ципрас не сака да се врати со празни раце. Тој се надева на укинување на ембаргото за грчки производи, кое Русија го воведе како реакција на санкциите на ЕУ. Забраната за увоз ги погодува граѓаните, пред се’ грчките земјоделци кои во Русија извезуваа голем дел од своите јагоди, праски и киви. Друга тема на посетата е енергетската политика. Тука Ципрас се надева не само на поевтини цени за природниот гас- Грција увезува две третини од своите енергетски потреби од рускиот државен концерн Гаспром- туку грчкиот интерес е насочен и на руско-турскиот проект за изградба на гасоводот Турски тек. Со тој гасовод би требало рускиот гас да се транспортира преку Црно Море во европскиот дел на Турција. Оттука гасот би можел преку Грција да се извезува во Македонија, Србија и во Унгарија.“

„Пролет“ на руско-грчките односи

Осврнувајќи се на посетата на Ципрас на Москва, весникот Велт пренесува дека рускиот паричник сепак ќе остане во џебот на Путин и оти Грција не може да очекува парична помош од Русија, но сепак: „Во време на криза на еврото Москва може да се чувствува важна.“ Велтисто така споменува дека посетата на Ципрас во Европа и САД ќе се следи внимателно. „Политичарите во Брисел предупредуваат дека Грција би можела да стане „тројански коњ“ на Русија во ЕУ, доколку Атина прифати евентуална помош од Москва“, пишува Велт објаснувајќи оти Грција така би можела да го напушти заедничкиот став на ЕУ по прашањето на украинскиот конфликт и со тоа да го „наруши фронтот на санкциите“.

Овој весник воедно, меѓутоа, ја пренесува проценката на финансискиот стручњак Јелисавета Белугина која вели оти Москва сега,додуша има шанса на светската сцена да се докаже како важен актер, но и дека се поставува прашањето дали Русија во моментов има воопшто пари за такво нешто. „Со економската криза монетараните резерви на Русија се намалија за една третина, на околу 330 милијарди евра, вели Белугина“, пренесува Велт. Весникот понатаму наведува дека, прокрај разговорот за енергетски привилегии, Ципрас би можел својата посета на Москва да ја искористи и за удар против финансиската политика на ЕУ: „Тој дел од својата критика веќе пред патувањето ја диктираше на руските весници. Западните санкции против Русија поради украинскиот конфликт се ‘слепа улица’, рече грчкиот премиер неодамна во изјава за агенцијата Тасс. Тој додаде дека предходната грчка влада, додуша, се приклучи на тие ‘бесмислени’ мерки, но дека тој во врвот на ЕУ кажал оти таа позиција може и да се промени. Ципрас не крие како тој ги гледа идните односи со Москва: тие, според негово мислење, треба да доживеат своја ‘пролет’.“

Партнери на Правдико