Грција нема да воведе ковид мерки во текот на летото | Правдико

Правдико

   

Грција нема да воведе ковид мерки во текот на летото

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Грција не разгледува можноста за воведување ковид мерки во текот на летото, изјави министерот за здравство на Грција Танос Плеврис во интервјуто за грчката телевизија ЕРТ.

Тој вели дека во моментот бранот е во надолен тренд и дека очекуваат дека така ќе продолжи околу еден месец.

Плеврис објасни дека конкретниот бран има целосно различни карактеристики од претходните и поради имунизацијата на населението, но и поради мутациите кои се поразлични и не носат тешки хоспитализации, додавајќи дека конкретниот модел што го следат, без мерки, не е поради туризмот, туку е нешто што го следат и другите европски земји.

Согласно седмичниот извештај на Националната организација за јавно здравје на Грција за ситуацијата со пандемијата во земјата објавен вчера, во периодот од 18 до 24 јули, регистрирани се 136.077 случаи на ковид-19, а за една седмица починало 271 лице.

Извор: Радио слободна Европа

Партнери на Правдико