Грција одобри азил за 10 илјади бегалци | Правдико

Правдико

   

Грција одобри азил за 10 илјади бегалци

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Грчките власти одобрија азил на најмалку 10 илјади бегалци, меѓу кои и на две илјади малолетници. Во моментов во земјата има околу 60 илјади мигранти, кои останаа заглавени таму, откако минатата година беше затворена бегалската рута.

Пристигнувањето нови мигранти во Грција значително е забавено по договорот меѓу Европската унија и Турција во март минатата година.

Сепак во Грција од соседна Турција се уште пристигнуваат бегалци, а нивниот број се очекува да се зголеми со подобрувањето на временските услови.

Според грчката служба за азил, во јануари годинава барања за азил поднеле вкупно 1.912 мигранти.

Извор: Радио Слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико