Грција побара 279 милијарди евра воени репарации од Германија | Правдико

Правдико

   

Грција побара 279 милијарди евра воени репарации од Германија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Грција бара од Германија да и исплати 279 милијарди евра отштета поради нацистичката окупација на земјата за време на Втората светска војна, изјави синоќа грчкиот заменик-министер за финансии Димитрис Мардас. Грција и голем број грчки граѓани во својство на физички лица изминатите децении во повеќе наврати бараа исплата на воени репарции, но досега ниту една Влада во Атина не излезе со конкретна сума за висината на таа отштета.

grcija

Минатата недела во грчкиот Парламент беше формирана Комисија задолжена за воените репарации од Берлин, во чии рамки Атина бара враќање на кредитот што окупирана Грција под присила и го исплатила на нацистичка Германија во текот на Војната, како и враќање на „украдените археолошки предмети“.

Мардас нагласи дека според проценките на грчката Даночна управа, Берлин на име воена отштета и должи на Атина 278,7 милијарди евра, во кои влегува и исплатениот „окупациски кредит“ во износ од 10,3 милијарди евра.

Грчките барања за исплата на воени репарации се интензивираа последниве неколку години, откако земјата западна во финансиска криза и беше принудена да спроведе строги мерки на штедење во замена за помош од ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во вкупна вредност од 240 милијарди евра.

Германија од своја страна на сите грчки барања за воени репарации одговара дека тоа прашање е решено со исплатените 115 милиони германски марки во 1960 година и ја отфрла секоја можност за дополнителна отштета.

Извор: еМагазин

Препорачуваме

Партнери на Правдико