Правдико

   

Грција: После 17 години покренати се обвиненија за аферата Сименс

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Грчките власти после 9 годишна истрага, покренаа обвинение против повеќе од 60 луѓе, за корупцискиот скандал кој пред 17 години ја потресе политичката сцена и ги залади односите помеѓу Атина и Берлин.

siemens logo

Истрагата утврдила дека грчката држава со договорот помеѓу домашниот телеком ОТЕ и германската фирма Сименс, изгуби две милијарди евра од 1998 година

Судот во Атина покрена обвиненија за 64 грчки и германски државјани поради подмитување со 70 милиони евра како и за перење пари од мито.

Меѓу обвинетите се актуелни и поранешни вработени во Сименс и ОТЕ, каде како сопственик се јавува Дојче телеком, како и поранешен висок функционер од грчката социјалистичка партија ПАСОК.

Двајца осомничени веќе побегнаа од Грција, додека останатите живеат во Германија. Датумот за судењето не е утврден. Делата за кои се обвинети предвидуваат максимални казни од по 20 години затвор.

Партнери на Правдико