Грција: „Тивкото мнозинство“ демонстрира за ЕУ | Правдико

Правдико

   

Грција: „Тивкото мнозинство“ демонстрира за ЕУ

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во исто време со самитот на ЕУ во Брисел, во Атина и во други градови грчките граѓани демонстрираа за останување на нивната земја во еврозоната.

0,,18535194_303,00

Илјадници се собраа во понеделникот вечерта на централниот плоштад Синтагма во Атина. Демонстрираа за останување на земјата во еврозоната. Грчката влада не смее да ризикува раскин со кредиторите, се вели во едно од барањата. Каков било договор со доверителите ќе биде подобар од можниот „грегзит“. Тоа ќе биде најголемата катастрофа, сметаат дел од демонстрантите.

Претходниот ден на истото место протестираа приврзениците на владејачката Сириза. Тие бараа од премиерот Алексис Ципрас да не отстапува ниту педа во преговорите со европските доверители.

Времето на одржување на овие и на многу други демонстрации низ целата земја не е воопшто случајно. Во исто време кога на неколку илјади километри оддалеченост првите луѓе на ЕУ одлучуваат за судбината на земјата, во Атина не се демонстрира против владата на Сириза, вели шефот на пратеничката група на проевропската партија Потами, Карис Теохарис. „Учесниците на овој протест сакаат да ги одржат мостовите кон Европа. Тие не ги сметаат нашите европски партнери за непријатели, туку за членови на истото семејство“, вели Теохарис.

Анти-Сириза расположение на протестот не препознава ниту пензионерот Танасис Статопулос. Напротив, вели тој. Демонстрациите се поддршка за премиерот Ципрас кој треба да се пресмета со „лево-радикалните сили во неговата партија“ и потоа „со демократски сили да се тргне во преродба на земјата“. Пензионерот не е гласач на Сириза, но старите партии како Нова демократија и Пасок за него не се никаква алтернатива, затоа што токму тие ја втурнаа земјата во актуелната криза.

Протести на „тивкото мнозинство“

Многу учесници на протестот доаѓаат токму од редовите на поранешните владејачки партии. Нивните членови од неодамна повторно ги покажуваат своите лица и го кажуваат своето мислење на протести. Пратеникот на Нова демократија и поранешен министер Макис Воридис смета дека грчките граѓани ја препознале „измамата“ на Сириза. Премиерот даде ветувања кои не може да ги исполни и ја доведе земјата во опасност од напуштање на еврозоната.
Слично на нештата гледа и поранешниот министер на Пасок, Јанис Рагусис. Ова е првпат, вели Рагусис, таканареченото тивко мнозинство да го дигне гласот, и да се бори за проевропскиот курс на земјата и за реформи. Досега улиците им припаѓаа на популистите и демагозите, вели тој.

Извор: Deutsche Welle

Партнери на Правдико