Правдико

   

Грција уапси 45 мигранти за нелегален влез од Турција

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Грчките безбедносни служби уапсиле 45 мигранти кои нелегално влегле од Турција во Грција, јави државната грчка телевизија ЕРТ. Меѓу приведените најголем дел се од Авганистан, Пакистан, Бангладеш и Мароко. Тие биле приведени меѓу понеделникот и вторникот. Според ЕРТ Грција од вчера спречила околу 5000 мигранти да влезат во земјата.

Денеска високите претставници на Европската унија, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли и други европски политичари, заедно со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ќе ја посетат грчко-турската граница.

Извор: Радио Слободна Европа

Партнери на Правдико