Грција во генерален штрајк поради новиот закон за работни односи | Правдико

Правдико

   

Грција во генерален штрајк поради новиот закон за работни односи

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Денеска, во Грција почна 24-часовен штрајк поради кој се стопирани јавниот превоз и другите услуги пред парламентарното гласање за новиот закон за работни односи, чии противници велат дека ќе донесе подолго работно време и ќе ги наруши работничките права.

Ова е втор генерален штрајк во последната недела поради законот за кој владата во Атина тврди дека ќе ги модернизира застарените регулативи во областа на трудот, пренесува „Ројтерс“.

Јавниот превоз во Атина запре денес, бродовите останаа закотвени во пристаништата, а многу автобуски, метро и железнички услуги се суспендирани.

Работници од други сектори исто така ја прекинаа работата и се очекува да им се приклучат на протестните митинзи во центарот на Атина пред денешното гласање за законот.

Конзервативната влада на премиерот Кирјакос Мицотакис, која стапи на должност во 2019 година, објави дека реформата ќе ги модернизира застарените закони, кои датираат од времето пред појавата на интернетот кога повеќето работници работеле во исто работно време истовремено и во канцелариите и во фабриките.

Синдикатите го опишаа нацрт-законот како монструозен барајќи негово повлекување бидејќи, како што тврдат, тој ќе ги укине одамна утврдените работнички права и ќе им овозможи на компаниите на мала врата да воведат подолго работно време.

Најконтроверзниот дел од законот овозможува вработените да работат и до 10 часа на ден, а да работат пократко следниот ден.

Синдикатите стравуваат дека ова ќе им овозможи на работодавците да ги принудат работниците да прифаќаат подолго работно време.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико