Грција воведува тридневен карантин за сите кои ќе влезат во земјата
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Грција воведува тридневен карантин за сите патници кои ќе пристигнат со авион на 18 декември во земјата.
Грчката агенција за цивилно воздухопловство денеска издаде белешка со која се проширува мерката за заштита на патниците во воздухот и населението од инфекција со коронавирус, што вклучува задолжителен тридневен карантин за сите патници кои влегуваат во Грција.
Одлуката се однесува и на патниците кои доаѓаат во Грција од земјите членки на ЕУ и ќе бидат на сила од 18 декември до 7 јануари, објави агенцијата АНА.
Извор: Макфакс