Грција забрани мобилни во училиштата и безбедносни камери на часовите | Правдико

Правдико

   

Грција забрани мобилни во училиштата и безбедносни камери на часовите

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Грчкото Министерство за образование забрани употреба на мобилни телефони, таблети или кои било други електронски уреди што поседуваат систем за обработка на слика или звук во училиштата.

Покрај тоа, како што соопштил министерот за образование на Грција, Константинос Гавроглу, се забранува и употребата на безбедносни камери додека трае наставата и се препорачува да се избегнува објавување фотографии и видео со ученици на сајтовите на училиштата.

„Дозволена е употребата на опремата од училиштето, но само за образовниот процес и под надзор на наставникот или професорот. Правилата не важат за наставниците и професорите. Тие ќе можат да употребуваат електронски уреди за наставата, но и да ги почитуваат правилата за безбедност и заштита на личните податоци на учениците“, соопштило грчкото Министерство за образование.

Во однос на електронското објавување или електронското зачувување на фотографии за спомен, видеа или активности од училишниот живот, дозволено е само со дозвола на родител/старател.

Извор: Радио Слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико