Грција: Започна сослушувањето на турските офицери кои побараа азил
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во Грција денес започна сослушувањето на првите осум офицери на турската армија, кои избегаа со хеликоптер во Грција, минатиот месец после неуспешниот воен удар, по повод нивните барања за азил.
Одлуката за турските офицери ќе биде донесена во рок од два до три месеци.
Прв пред судот се појави капетанот Феридун Кобан, кој во раните утрински часови е префрлени на седиштето на службата за азил во Атина.
Другите турски офицери, ќе бидат сослушани во понеделник.
Грчкото Министерство за надворешни работи вчера потврди дека Атина доби официјално барање од Анкара за екстрадиција на осум офицери од турската армија.
Барањето дојде во средата, а на истиот ден било испратено во грчкото Министерство за правда, пренесува АП. Осум турски офицери – шест пилоти и двајца инженери – негираат поврзаност со неуспешниот државен удар на 15-ти јули. На крајот од минатиот месец, тие добија дополнително време за поднесување барање за азил.
Адвокатот Василис Терзидис претходно изјави дека неговите клиенти стравуваат за нивните животи ако се вратат во Турција и сакаат да” почекаат и подобро да се подготват за случајот “. Една недела претходно, офицер на турската армија пред грчкиот суд беше осуден на условна казна од два месеци за нелегален влез во земјата.
Пилотот на хеликоптерот, исто така, беше ослободен од обвиненијата дека тој ги прекршил правилата на летање.