Груби побара Собранието да донесе декларација за забрзување на реформите за ЕУ и НАТО | Правдико

Правдико

   

Груби побара Собранието да донесе декларација за забрзување на реформите за ЕУ и НАТО

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Комисијата за европски прашања денеска ја одржа првата седница посветена на евроинтегративните процеси на земјата, на која беа разменети мислења и ставови за нивно унапредување, од парламентарен аспект.

Претседателот на Комисијата, Груби,  истакна дека во фокусот на работата на Комисијата ќе биде, пред сè, унапредувањето на европската реформска агенда и побара Комисијата да усвои заклучок Собранието да донесе Декларација за забрзување на реформските  и интегративните процеси за зачленување на Република Македонија во Европската унија.

Овој  предлог беше едногласно прифатен од  членовите на Комисијата.

Во своето излагање, исто така,  нагласи дека Комисијата  ќе работи  посветено и транспарентно,  со цел за посеопфатна вклученост  на сите  фактори во општеството  за  реализирање на потребните ЕУ реформи, но  и дека  Комисијата  постојано ќе  врши парламентарен надзор над работата на Владата, во делот кој се однесува на  имплементацијата на евроинтегративните процеси на земјата.

Заменикот на претседателот во Владата на Република Македонија задолжен за  европски прашања Бујар Османи,   поддржувајќи ја   европската агенда на Република Македонија  изрази подготвеност на Владата  на  Република Македонија  да ги направи потребните ЕУ реформи  во претстојните три месеци, пред одржувањето на локалните избори оваа есен. Во таа насока информира дека  е подготвена драфт верзија на акциски план, во кој се адресирани  итните реформски приоритети.

Амбасадорот на Европската Унија, Самуел Жбогар, истакна дека е направен напредок  на овој план, по изборите и  формирањето на новата влада, но дека е потребно да се работи на реализирање на препораките од итните реформски приоритети,  како и на забелешките, нотирани во Годишниот извештај за напредокот на земјата во 2016 година.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико