Груевски и Јанкулоска договарале изработка на пасоши за изборите во 2011 | Правдико

Правдико

   

Груевски и Јанкулоска договарале изработка на пасоши за изборите во 2011

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Денешното рочиште за „Титаник“ за изборни измами продолжи со читање СМС-пораки. Повеќето од пораките се меѓу обвинетиот експремиер Никола Груевски и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Пораките се однесуваат на организирање гласачи од дијаспората за изборите во 2011 година.

Од СМС-комуникацијата се гледа како била договарана изработка на пасоши и регрутирање гласачи и кандидати преку дипломатските претставништва во странство, но и активности за организирање гласачи во институциите.

„Јас гарантирам дека за сите лица за кои МНР ќе достави податоци, ќе биде направен пасош за 24 часа. Во нашиот дел гарантирам дека нема да има проблем. За делот од МНР задолжен е Антонио Милошоски“, му вели Јанкулоска на Груевски.

Виктор Јованов

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико