Груевски неделава на судења за „Титаник“, Насилства“ и „Траекторија“ | Правдико

Правдико

   

Груевски неделава на судења за „Титаник“, Насилства“ и „Траекторија“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Денеска и в четврток, поранешниот премиер треба да се појави на рочиште за случајот на Специјалното јавно обвинителство, „Титаник“, што е прв случај обелоденет од Специјалното јавно обвинителство.

Во овој случај обвинети се  поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните функционери Мартин Протоѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, како и уште 16 други лица.

Тие се осомничени од Специјалното јавно обвинителство за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.

Рочиштата последните неколку пати беа одложувани поради приговори на адвокатите.

Оваа недела, Груевски треба да се појави на рочишта за случаите „Насилство во Општина Центар“ во петок и на „Траекторија“.

Поранешниот премиер доби пресуда од две години затвор за предметот „Тенк“ за што адвокатите на одбраната најавија жалба до Аплација.

Извор: НоваТВ

Препорачуваме

Партнери на Правдико